Навивачката група „Комити“ ќе му даде масовна поддршка на Бобан Илиоски во борбата за светската кик бокс титула на ВАКО про против Берк Дузенли од Турција.
„Нашиот Бобан Илиоски на 26.04.2024 во СЦ „Јане Сандански” ќе се бори за светската кик бокс титула, против актуелниот ВАКО-шампион Берк Дузенли од Турција.
Групата одлучи да присуствува и даде поддршка на нашиот Бобанчо, затоа читај внимателно и дојди, затоа што сме браќа и затоа што во секоја битка одиме ЗАЕДНО!
Собирот започнува во 19:00ч. на паркингот пред салата (кај езерцето), а внатре ќе се стационираме најдоцна до 20:15 ч.. Нашите сектори се А1 и А2.
Билети ќе се делат на собирот пред сала.
Нека ја видат сите нашата сила, нека знаат добро сите. Во петок да ја прославиме заедно големата победа на нашиот брат, на нашиот шампион Бобанчо“, стои во објавата на Комити на Фејсбук!
Комити со порака: „ЕКИПА ЛУДА-ЌЕ НАПРАВИ ЧУДА! ТИТУЛАТА ОСТАНУВА ВО СКОПЈЕ“!