Комисијата се спогоди со Ник Дијаз и значајно му ја намали казната

nick diaz silva steve marcus

Налудничавата петгодишната казна на Ник Дијаз за позитивниот тест на марихуана е намалена.

Спортската комисија на Невада набрзина се спогоди со велтерашот на УФЦ и ја намали суспензијата на 18 месеци и 100.000 долари парична казна.

Суспензијата тече од неговата борба со Андерсон Силва на 31 јануари минатата година и ќе може повторно да се бори на 1 август.

На Дијаз тоа му беше третиот позитивен тест на марихуана. NSAC, на седницата во Лас Вегас едногласно одлучи за спогодба. Дијаз не бил присутен на состанокот.

Со првата казна од 5 години забрана за настап, борецот беше казнет и со 165.000 долари.

По суспензијата, ММА заедницата покажа неверојатна поддршка за Дијаз и поднесе петицијата во Белата куќа за укинување на казните, при што беа собрани повеќе од 100.000 потписи.

На истиот состанок повторно требаше да се одлучува и за Вондерлеј Силва, но Комисија уште еднаш го одложи сослушувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON