Комисијата на Невада им ги блокира платите на Царукјан и Диего Лопез

Државната спортска комисија на Невада ќе одржи сослушување за Арман Царукјан и Диего Лопез.

Комисијата во Невада во моментов ги гарнира платите на двајцата борци. Царукјан и Диего се бореа на настанот УФЦ 300. Арман го победи Чарлс Оливеира, а Лопез го победи Содик Јусуф. Од гала вечерта Царукјан заработи 164.000 долари, а Лопез 62.500 долари.

За жал, двајцата не можат да ги добијат парите додека не заврши рочиштето. Царукјан ќе мора да се објасни како се степал со навивач на пат кон кафезот. По галата, двајцата се помириле и дотичниот навивач признал дека згрешил. Сепак, тоа не е доволно за комисијата.

Лопез пак ќе мора да објасни зошто излезе од кафезот да слави. Тој му честиташе на Дана Вајт, а очигледно комисијата смета дека тоа било грешка. Останува да се види дали двајцата ќе можат да си ги наплатат платите откако ќе завршат рочиштата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Home of Fight (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON