Комисијата на Калифорнија не му даде лиценца на Ивандер Холифилд

Боксерската легенда Ивандер Холифилд е одбиена од Спортската комисија во Калифорнија. 58-годишниот боксер одлучи да се врати во рингот и прифати борба со кратко известување против ММА легендата Витор Белфорт.

Ова се случи откако Оскар се ла Хоја се зарази со Ковид и се откажа од борбата со Белфорт. Организаторите на гала вечерта на 11 септември нема да се откажат од борбата меѓу Холифилд и Белфорт.

„Трилер“ одлучи целата гала вечер да ја премести на Флорида со надеж дека таму Холифилд ќе добие лиценца. Ивандер следниот месец ќе наполни 59 години, поради што комисијата од Калифорнија го одби.

Ивандер има рекордни 44-10-2 (1) во рингот и е во серија од две последователни победи. Последен пат го нокаутира Нилсон во 2011 година. Останува да видиме што ќе одлучи Спортската комисија на Флорида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON