Комисија: Време е да му дозволиме на Кро Кап да се бори и да заработува за живот, ама ќе го тестираме

Потписот на Мирко Филиповиќ за Белатор поттикна некои прашања во врска со неговата недослужена суспензија во САД.

ММА легендата во Лондон на 25 мај ќе се обиде да му се реваншира на Рој Нелсон за поразот од УФЦ.

Кро Кап во ноември 2015 година ненадејно објави дека ја завршува кариерата, за потоа биде објавено дека признал оти употребувал хормон за раст во пресрет на закажаното борба со Ентони Хамилтон. Агенцијата на САД за анти-допинг агенција (УСАДА) го суспендира на две години за тој прекршок.

Хрватскиот6 борец доби раскинување на договорот со УФЦ и отиде да се бори во Ризин, и го освои Гран прито на јапонската промоција. Потоа, на новогодишната ноќ во Саитама супер арена го победи Цујоши Косака.

Веб-страницата на MMA Junkie ја истражуваше неговата ситуација во врска со потпишувањето на договорот со Белатор. Мечот со Нелсон не се одржува во САД, а Белатор не работи со УСАДА, но обично промоциите се придржуваат со одлуките на спортските комисии.

Мајк Мазули, претседател на Асоцијацијата на бокс комисии и Мохеган тајб одделот за спортска регулатива коее надлежен орган за настанот во Лондон се јавило на Кро Кап и смета дека борец и понатаму е во процес на лиценцирање, и како таков е подложен на допинг тестовите.

“Овде, во Мохеган, во моментот кога ќе ги добијам лекарските податоци, сметам дека борецот влегува во процесот на лиценцирање и со тоа имам овластување да ги тестирам. Веќе му се јавив на Мирко и го информирав дека сакам тест. Моментално работам на тоа“, рече Мазула на ММА Џанки.

Обично спортските комисии ги следат одлуките за суспензија на УСАДА. Сепак, не е јасно што ако борецот не е Американец или едноставно отиде да се бори во земји во кои натпреварувањето не го регулира спортска комисија.

„Ако Кро Кап може да се бори во Лондон, дали може да се бори и во Калифорнија“?  праша ММА џанки.

„Тоа е незгодно прашање и ќе зависи од околностите“, изјави извршниот директор на Спортската комисија на Калифорнија Енди Фостер“.

„Ние сме надлежни само за Калифорнија и преку АБЦ за САД“.

Мазули вели дека ако Кро Кап биде негативен на тестовите во пресрет на борбата комисииите најверојатно ќе гледаат на суспензијата како на работа од минатото, иако борец никогаш не паузирал.

„Последното нешто што го сакам е негативно да влијаам врз кариерата на една личност. Борците имаат само одреден број на години во кои можат да заработат за живот. По мое мислење и мислењето на Мохегани трајб, 2015 година, тоа беше пред три години и време е да му овозможиме да се бори и да заработи за живот“.

Од Белатор испратија соопштение во кое се вели дека Комисијата Мохеган трајб ја одобрила борбата Кро Кап-Нелсон. Во Белатор многу борци кои го напуштија УФЦ по допинг скандали и страницата го поставува прашањето дали другите борци ќе се одлучат да тргнат по истиот пат во тој случај – да побараат или да добијат отказ од УФЦ, да отидат и да заработуваат во Јапонија, пред да потпишат за другата голема промоција Белатор.

„Јас сум човек кој верува во фер плеј. Ќе го тестирам Кро Кап пред натпреварот, пред и по борбата“, додаде Мазули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON