Колби Ковингтон: Јас сум најдбриот во светот

Поранешниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија на УФЦ, Колби Ковингтон, се прогласи за број еден во светот. 34-годишниот Американец се пресмета со Хорхе Масвидал и со одлука го победи. Двајцата беа на врвот на УФЦ 272 кој се одржа минатиот викенд во Лас Вегас.

Ковингтон настапи импресивно и им се врати на победите. Во последните 11 средби Ковингтон загуби само од Камару Усмам. Во интервју за медиумите по гала вечерта Хаос го кажа следново за борбата со Масвидал и за нејзините идни планови:

„Не сум изненаден од тоа што се случи на мечот. Доминирав од првата до последната минута. Подготвен сум да одработам уште 5 рунди, но на паркинг. Јас сум кралот на Мајами.

Имам незавршена работа со Марти и сакам трилогија. Јас сум најдобар на светот. Јас сум човек од збор и го направив тоа што го кажав. Лесна категорија ми е лесна и не сакам да ги победам таму и да станам насилник.

Повеќе сакам да останам во полусредна категорија. Во битката имаше многу емоции, бидејќи во еден период овој крадец ми беше пријател, но ми заби нож во грб. Масвидал е лажго и крадец кој кажал многу лаги.

Со причина сум број 1 во светот. Масвидал мора да го напушти Мајами, бидејќи јас сум крал и повторно ќе го победам. Во овој град нема место за двајцата. Доминирав со него и тој продолжува да зборува.

Ова беше крајот на улицата „Јуда“ и не сакам повеќе да слушам за тоа. Сакам да бидам активен оваа година и повторно да се борам во јули. Јас сум миленик на Доналд Трамп и борец број еден во светот.

Мислам дека Дастин Пориер е следен за мене. Тој мора да го прифати овој чек и да загуби, како што загуби Масвидал. Очекувам одличен разговор со Доналд Трамп. Ни треба во 2024 година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО