Колби Ковингтон е фаворит во мечот со Хорхе Масвидал

Иако мечот сè уште не е официјално објавен, обложувалниците веќе објавија коефициент за долгоочекуваната бoрба меѓу Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал.

„Хаос“ е мал фаворит во неа.

Ковингтон е -140, а неговиот поранешен соборец Масвидал е аутсајдер со +110.

Се очекува тие да се соочат на почетокот на следната година, додека Камару Усман треба да ја одбрани титулата против Гилберт Барнс на УФЦ 258 во февруари.

Ковингтон и Масвидал тренираа заедно во Америкен топ тим (АТТ) сè додека Колби не ја напушти салата по скандалите со соборците, вклучувајќи ги Масвидал, Дастин Пориер и Јоана Јеџејчик.

Ковингтон во последната борба го совлада поранешниот шампион Тајрон Вудли, а Масвидал ќе се обиде да им се врати на победите по поразот во последната битка против шампионот Камару Усман, кој исто така го совлада Ковингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON