Скот Кокер е задоволен од она што го прави легендарниот Федор Емелијаненко во неговата организација. Последен пат, во Јапонија минатата година, видовме како легендата го нокаутира Квинтон Џексон. Овој нокаут се чинеше премногу лесен, а многумина мислеа дека Дивјакот му легна на Русинот. Битката траеше 2 минути и 44 секунди, во кои Џексон не направи апсолутно ништо.
Тоа беше последната борба од договорот на Квинтон со Белатор, а Кокер ќе му понуди нов договор, но само кога Џексон ќе биде сериозен. Од друга страна, Федор има најмногу уште три средби, а Кокер го пофали.
„Федор беше во одлична форма и ја заврши својата работа. Искрено, изгледаше одлично. Тој направи комбинации. Емилијаненко ме изненади, затоа што зададе и удари со нога, а тоа не го имаше направено дого време. „Дивјакот“, го направи она што го можеше, но ја почувствувавте силата на Емелијаненко и јасно си рече дека тоа нема да биде негова ноќ.
Федор е тоа,кој што е.Тој е во последната фаза од кариерата, но и покрај тоа се уште е опасен. Секогаш кога ќе те удри, може да те нокаутира. „Дивјакот“ е легенда и нема што да се докажува. Ќе добие договор, но само ако е сериозен“, рече шефот на Белатор за „Последниот император“.
https://www.instagram.com/p/B6e-g3yoz6i/?utm_source=ig_embed