Кој може да го собори противникот 21 пат во една борба? Се разбира, само Хабиб! (ВИДЕО)

Дали знаете дека рекордот за најголем број на соборувања во една УФЦ борба е дури 21? И тоа не во борба од пет рунди, туку само во три. Тоа го направи кој друг ако не Хабиб Нурмагомедов. Погледнете како изгледаше тоа.

Станува збор за борбата која Нурмагомедов ја одработи во мај 2013 година и беше неговиот четврти настап во УФЦ. Од друга страна го имаше Абел Трухил, борец познат по разорниот удар, но и по многу добрата боречка потоковеност. Кога почна борбата, сето тоа падна во вода, бидејќи против себе ја имаше дагестанска машина.

Веќе во првата рунда се виде дека тоа би можело да биде вистинско злоставување на американскиот борец, отккао хабиб запишани седум уривање од осум обиди. Трухило дури покажа многу добри вештини за извлекување и подигање, но неверојатно е колку брзо секој пак ќе се најдеше на подот. Во втората рунда Хбаиб го уриваше пет пати од осум обиди, додека во третата успеа девет пати, а два пати Трухило се одбрани. Вкупно запиша 21 рушење од 27 обиди, што е невидена доминација.

Со таа борба ММА навивачите добија потврда дека од Дгестан доаѓа неверојатен борец. Тоа е борец кој, шест борби подоцна, ја понесе титулата во лесна категорија, а истата ќе ја брани за девет дена против Конор Мек Грегор. Може ли Ирецот да се одбрани од вакво нешто? Тешко е да се донесе заклучок, пред се целта мора да му биде да не дозволи Хбаиб да му се приближи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON