Непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов е убеден дека знае кој е најдобар во спортот.
Без пораз по 28 професионални борби и две одбрани во титулата во УФЦ лесна категорија лесно е да се посочи самиот Нурмагомедов.
Сепак, на прашањето кој смета дека го заслужува првото место, Нурмагомедов не го кажа своето име.
Џон Џонс се врати на врвот на ранг листата, а Нурмагомедов се најде на второто место и се чини дека „Орелот“ го разбира тоа.
Всушност, достигнувањата во октагонот од страна на Џонс во последните 10 години се навистина импресивни и се чини дека неговите достигнувања ќе продолжат и во наредната година.