Кога шампионот Нгану удира не помага ниту заштитната опрема (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, кој наполни 35 години пред неколку дена, најверојатно нема да ја брани титулата.

Камерунецот го освои шампионскиот појас во март кога го победи Стипе Миочиќ со нокаут во втората рунда.

Следниот настап Нгану треба да го има на почетокот на следната година, а противник треба да му биде Сирил Гане кој пред еденмесец го победи Дерик Луис во мечот за привремениот шампионски појас.

Но, камерунскиот удирач не ја крие желбата дека сака да се бори со Џон Џонс.

Имено, поранешниот шампион во полутешка категорија минатата година помина меѓу тешкашите, но бидејќи не се договори со УФЦ, неговото деби се уште се чека.

Френсис Нгану продолжува да тренира, но и добро се забавува. Имено, членот на Циркусот Нитро, Рајан Вилијамс неодамна пристигна на неговиот тренинг и сакаше да ја тестира силата на ударот на шампионот во тешка категорија на УФЦ.

Нгану не погоди со полна сила, но ударот беше доволно силен за да го собори Рајан.

Членовите на Циркусот Нитро се познати по изведбата на разни претстави низ целиот свет, а Вилијамс добро го почувствува овој предизвик против Нгану.

Секако, Рајан се обиде му врати на Френсис, но добро е што не се повреди …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON