Кога легендата Ридик Боу се испроба во мај тај (ВИДЕО)

Ридик Боу е едно од најголемите имиња во тешка категорија на светскиот бокс и е носител на титулата во моментот кога конкуренцијата беше навистина жестока.

Доволно е да се спомене дека Боу успеа да стане шампион во конкуренција на имиња катo Мајк Тајсон, Ленокс Луис, Ивандер Холифилд, повратникот Џорџ Фореман и други.

Тој е и единствениот боксер во тешка категорија кој успеал да ги освои титулите на четирите водечки организации – ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Ова видео е снимено во 2013 година, а го покажува обидот на Ридик Боу да се испроба во еден сосема различен спорт – мај тај.

Тука Боу се сочи со Русинот Левген Головин, кој е големо име во овој спорт.

Како и многу други боксери, кои се одлучиле на ваков чекор, Боу се соочи со сериозни проблеми да се спротивстави на ножните удари на противникот. Головин одлично знае дека патот до успехот е да ги искористи нозете и да го држи боксерот на безбедно растојание.

Еве и како изгледаше тој дуел:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON