На Меѓународниот таеквондо турние „Астерикс куп“ во Ниш, Србија, 6-мината натпреварувачите на Кобра освоија 5 медали – 2 златни , 1 сребрен и 2 бронзени.
Сениорскиот репрезентативец Дамјан Трајковски (-87) ја предводеше екипата на Кобра кон овој успех, потоа јуниорката Лина Ќустерова ј(А -59), младинците Горјан Аврамовски, Илија Лазаров, Костадин Гелевски и Филип Каревски.
„Ситуацијата во која се најдовме изминатиот месец, со затворањето на спортските сали и „условите“ кои што ни беа достапни за одржување тренинзи, физичка и таеквондо спрема, ТК Кобра трпеливо упорно и неуморно се посвети на тренажниот процес. И во такви тешки услови успеа да обезбеди навистина одличен пласман“, велат тренерите Коста и Катерина Михајлови кои се задоволни од постигнатите резултати и ветуваат уште поголеми успеси и додаваат:
„Пред нас имаме краток период на подготовка за следниот Меѓународен турнир кој ќе се одржи во Скопје.
Катерина Михајлова, единствениот интернационален и најдобар таеквондо судија од Македонија, по долгата пауза поради корона кризата вчера повторно се најде на татамите во Ниш. Елеонора Пешевска е од судискиот тим на Катерина и таа е бивша репрезентативка од Кобра , вчера заедно со Катерина се издвоија со одличен судиски настап.
На Астерикс купот настапија 1000 натпреварувачи од 20 држави, односно до 100 клуба.