„Кобра“ – филмот за олимпискиот шампион Шабан Трстена ќе има премиера на „Браќа Манаки“ во Битола

Утре (27 септември) на филмскио фестивал „Браќа Манаки“ на битолската публика премиерно ќе и биде прикажан документарниот филм „Кобра“ посветен на олимпискиот шампион Шабан Трстена, со почеток во 16:30 часот.

„Кобра“ македонската премиера ја направи на 21 април во киното „Милениум“ во Скопје.

Филмот го направи „Скопје филм студио“ во состав: Игор Иванов – режисер, Томи Слаковски – продуцент, Владимир Павловски и Димитар Минов.

Филмот го обработува спортскиот живот на најголемото македонско спортско име, неговите славни денови, пропратен со работи кои досега не и беа познати на пошироката спортска јавност.

Продуцентот Томи Салковски по тој повод рече дека документарниот филм е направен за да не се збаорават извонредните резултати на олимпиксиот шампион, престатвувајќи ги неговите успеси, животот и односот на политиката во даден момент спрема спортистот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON