Изминатиов викенд се одржа таеквондо турнирот „Кобра чемпиошип 2018“ во Скопје со учество сите клубови цленови на Македонската таеквондо федерација (МТФ), односно 220 натпреварувачи. Овој турнир е еден од најмасовните што е одржан во Македонија кога е во прасање олимпиското таеквондо.
Претседателот на МТФ, Борче Костовски, му додели златна плакета за посебен придонес во таеквондо спортот на организаторот и тренер на Таеквондо клубот Кобра, Коста Михајлов, кој речиси целиот свој живот го посветил на овој спорт.
Следен голем настан во Македонија ќе е големиот Меѓународен турнир „Скопје опен 2018“ кој ќе се одржи на 21 април 2018 во СРЦ Кале, при што се очекуваат над 600 натпреварувачи од десетина држави.