Кличко во сабота го урива рекородот во тешка категорија

klicko fjuri plakat

Владмир Кличко (64-3, 54 КО) во саботата на стадионот во Диселдорф ќе стане рекордер по број на борби за титулата светски шампион во тешка категорија.

Мечот на Украинцот со Тајсон ќе биде 28-та борба за титулата светски шампион, со која го поминува Џо Луис со 27. Зад нив се Лери Холмс со 26 и Мухамед Али со 25.

Се очекува дека повеќе од 65.000 гледачи ќе го следат овој меч, 19-ти по ред за одбрана на титулата на Кличко. Пред него се Лери Холмс со 20 и Џо Луис со 25 одбрана, што е рекорд  во сите категории.

„Д-р Steelhammer“’во април пред 17.000 гледачи во њујоршкиот Медисон сквер гарден со едногласна судиска одлука го победи Брајант Џенингс, додека непоразениот Фјури (24-0, 18 КО) во февруари во 8 рунда го сопрее Кристијан Хамер.

Британецот пристигна во Дизелдорф и ветува нокаут.

„Задоволство е да се биде во Дизелдорф. Време е. Владимир Кличко е голем шампион и 11 години им одолеваше на сите предизвици, но јас верувам дека тоа никогаш не се соочил со некој како мене. Никогаш не бил некој како мене. Јас сум многу опасен борец и затоа морам да му оддадам почит на постариот шампион што се согласи да се бори со борец како мене“.

На Владимир на последните тренинзи во Австрија му се приклучи и брат му Витали.

„Ја завршив домашната задача. Тој е многу забавен, танцува, пее, луѓето или го сакаат или го мразат. Тој не доаѓа само за да се видат, туку доаѓа по појасот“, изјави Кличко.

Тајсон Фјури местото на прв предизвикувач го избори со победа над Дерек Чисора ​​и убеден е дека ќе ја има и поддршката од германските навивачи за да стави крај на владеењето на Кличко.

„Имам голема поддршка од британските навивачи кои допатуваа, како и од голем број на Германци, кои дојдоа да се фотографираат со мене“, рече Фјури.

„Тука се различни луѓе и се чувствувам одлично. Времето е на Божиќ, ќе имаме многу, многу добар Божиќ. Затоа што верувам? Имам чувство дека Германците сакаат нов шампион, повеќе не го сакаат Кличко, доста им е од него. Доаѓа ново време, време за промени, а таа нова промена е овој човек“, заврши 27-годишниот предизвикувач!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО