Светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко во јуни е во Бугарија. Од 10 до 13 јуни ќе се одржи Директорскиот совет на Светската боксерска асоцијација (ВБА). Паралелно со тоа ќе има и работилница за судиите во Европа. Ова го соопшти Маријана Борисова, координатор на ВБА за Стариот континент. На Директорскиот одбор се поканети и други светски шампиони, како кај мажите така и кај жените.
Не е познато дали некој ќе земе учество од Македонија на овој собир, кој ќе биде од големо значење за боксерските текови во Европа.
https://youtu.be/s4WrHDrJdg0
ipon.mk