Светскиот шампион во супертешка категорија, Владимир Кличко, повторно треба да брани титулата. Девета година како е носител на титулата, тоа може да биде предизвик да ги надмине рекордите на легендите Лери Холмс и Џо Луис. На соочувањето на 25 април против американскиот предизвикувач, Брајант Џенингс, во њујоршката сала Медисон Сквер Гарден, тој по 18-ти пат ќе ги стави на ризик појасите. Но, една победа над Џенингс ќе го доближи на еден чекор од Холмс, но исто така и на 6 победи од 25-те последователни, до рекордот на Џо Луис.
„Со сета почит кон Џо Луис и Лери Холмс, кои за мене се икони, јас не сакам да бидам споредуван со никого, а уште помалку пак со нив. И тоа е затоа што тие се боксери , од кои јас сум учел и кои за мене беа примери“ , коментира Кличко пред претстојниот меч.
Запрашан што мисли за противникот, украинскиот шампион одговори: „Секој боксер си е различен и има свој стил. Ќе видиме што ќе ми понуди Џенингс, но мислам дека ќе биде интересна борба“.
Џенингс има 31 години, 19 победи од 19 натпревари во својата професионална кариера. Џенингс се избори за борба против Кличко по победата над Мајк Перес мината година во јули.
„Целосно сум концентриран за претстојната средба. Мозокот ми се движи во еден тунел кој води само кон оваа средба. Сигурен сум дека противникот ќе ми даде многу сили и енергија на рингот. Зашто, како што велеше мојот поранешен тренер Едвард Стјуарт:„Ноќта, кога е мечот и ќе стапнеш на рингот, треба да знаеш дека твоја должност е да направиш една незаборавна битка“.
Кличко зборуваше по отворениот тренинг што го направи во сала во Холивуд и на кој присуствуваа новинари, некои избрани фанови, како и спонзорите.