Владимир Кличко уште еднаш покажа дека сериозно се подготовува за секој меч и притоа користи најразлични методи за да биде во одлична форма. Украинецот ќе се бори со Тајсон Фјури на 24 откомври на стадионот во Дизелдорф. Очекувањата се сите 65 000 билети да бидат продадени.
Светскиот шампион во тешка категорија беше снимен како ги прави разновинтите подготовки со сурфање, а штицата ја управува со помош на гребло. Друг неконвенционален метод е исцрпувачко пливање во олимписки базен.
„Неуспехот не е опција“, пишува на ѕидот во салата на Кличко. Истиот натпис го носи и на својата тренерка.