По детронизацијата шампионот Владимир Кличко покажа ниво по губењето на четирите појаси против Тајсон Фјури во Дизелдорф. Украинецот (39 г.), кој не знаеше за пораз од 2004 година, ја призна супериорноста на својот ривал.
„Тајсон беше побрз и подобар од мене. Брзината ме изненади. Тој беше неверојатно пргав, а јас никогаш не успеав да ја поминам неговата одбрана и да нанесам вистински удар“, прокоментира за РТЛ Кличко.
Малку подоцна од неговиот тим ја поздравија победата на Фјури на официјалниот профил на Твитер.
Gongrats to Tyson Fury #teamklitschko