Владимир Kличко требаше да се бори на 10 декември против Ентони Џошуа во Англија или Лукас Браун во Германија.
Но Дан Рафаел од ЕСПН објави дека 40-годишниот Украинец е повреден и се чини дека оваа година нема да го видиме во рингот.
Според извештајот, поранешниот неприкосновен светски првак во тешка категорија го повредил листниот мускул..
Кличко сакаше да се бори за испразнетите ВБА и ИБО наслови, но ВБА до неговата повреда не ја објави својата одлука.
Тимовите на Кличко и Џошуа останува да преговораате за борба во следната година, а Англичанецот по 10 декември во рингот планира да влезе на 4 март.
Сега на Џошуа му остана малку време да најде нов противник. Се споменуваше Кубрат Пулев, но веќе не се спомнува, а останува невозбудливата опција Дејвид Прајс како негов потенцијален следен противник.
Последната борба Кличко ја одработи во ноември 2015 година кога загуби од Тајсон Фјури.
Во својата кариера, Кличко има 68 натпревари, од кои 64 победи (53 – со нокаут) и четири порази.