Владимир Кличко во Австрија се подготвува за борбата со Тајсон Фјури.
Владетелот во тешка категорија гледа во иднината и е отворен за борби со непоразените Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.
„Ентони Џошуа прво се бори со Дилијан Вајт на 12 декември. Ајде да одиме чекор по чекор. Прво треба да се справам со Фјури, а Ентони треба да си ја заврши работата, па ќе видиме догодина“.
„Се обидував да дојдам до појасот на ВБЦ и да ги обединам сите. Поради внатрешната политика во боксот, тоа не беше можно и Дионтеј Вајлдер е шампион“.
„Него го чека задолжителниот предизвикувач, Александар Поветкин, а потоа ќе видиме. Очигледно, тоа би било убаво да се обединат сите наслови“, рече тој во интервју за Скај спортс.
„Најголемата закана и најопасен, најдоминантниот тешкаш седи во пред оваа камера. Борбата против самиот себе е најлошата, бидејќи кога се борите самиот со себе, говорејќи философски, ќе победите или ќе изгубите, но се борите со најсилниот противник“.