Кличко сака да се врати во боксот: Секој тешкаш можам да го победам!

Според информациите што пристигнуваат од Украина, поранешниот светски првак во тешка категорија, Владимир Кличко, размислува да се врати во рингот, откако во април минатата година стави крај на кариерата.

Украинецот, кој успешно ја бранеше титулата цели десет години, се опрости од рингот по поразот со технички нокаут од Ентони Џошуа. Кличко му испртри порака на Џошуа во која напиша:

„Сакам да се вратам. Се чувствувам дека можам да го победам секого кој се бори во тешка категорија“.

42 – годишниот Кличко имаше неколку повици да се врати во рингот , но ги одбиваше.

Неговата желба за враќање се уште нема официјална потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON