Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, даде коментар за евентуалниот следен противник, Тајсон Фјури.
„Сакам да се борам со Тајсон Фјури и сум отворен за предлози. Со нетрпение чекам одговор од него. Уверен сум дека оваа битка ќе е многу забавна и интересна за љубителите на боксот.
За мене не е важно скандалозното однесување надвор од рингот. Туку, поважно е тоа што се случува во рингот. Не се плашам, пособено не од неговите димензии. Ајде да речеме дека ми е полесно против поголеми противници“.
За сега, според планот, дуелот меѓу двајцата боксери би требало да се одржи во септември во Германија.