Потсетете се на величенствената трилогија меѓу Каин Веласкез и Жуниор дош Сантош! (ВИДЕО)

 

Жуниор и Каин
Жуниор и Каин

Ретко сме гледале таков судир на гиганти, поделен во една голема трилогиј,а како што е онаа меѓу Каин Веласкез и Жуниор дош Сантош. И едниот и другиот борец еден на друг го нанесоа единстевниот пораз во кариерата.

Прв падна Каин, но во наредните два меча дупло му го  наплати тоа на „Циганот“.

Првата се одржа одржа на 12 ноември 2011 година на УФЦ он Фокс 1. Жуниор по 64 секунди го нокаутираше шампионот, нанесувајќи му го првиот пораз во неговата кариера.

На вториот меч, 29 декември 2012 година, УФЦ 155, Каин со едногласна одлука на судиите повторно го врати појасот во негова сопственост.

Третиот натпревар меѓу двајцата најдобри тешкаши беше одржан на 19 октомври 2013 година на УФЦ 166. Веласкез победи со технички нокаут (ТКО) во петата рунда.

 Како сето тоа изгледаше во 7-минутното видео кое го прикажува сето она што секој вистински фан ММА сака да го види.

 Уживајте …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО