Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, изјави дека нема да му биде лесно во борбата со Британецот Тајсон Фјури, но дека е подготвен за секаков неочекуван потег. Мечот Владимир Кличко – Тајсон Фјури е на 28 ноември во Дизелдорф (Германија).
„Јас сум подготвен на сè, од страна на Фјури. Тој е многу непредвидлив борец и јас со нетрпение го чекам овој предизвик. Борбата ќе биде тешка – Тајсон Фјури е многу амбициозен, тој има големо его и уште не изгубил средба“, истакна Кличко.