Градоначалникот на Киев и поранешен шампион во тешката категорија, Витали Кличко, го поздрави сонародникот Александар Усик за победата над Русинот Мурат Гасиев и освојувањето на појасите во полутешката категорија, како и трофејот на „Мухамед Али“ во финалето на турнирот Светската боксерска супер серија.
„Беше многу напорен и емоционален меч меѓу двајца силни боксери. Го поздравувам Саша за победата и титулата апсолутен шампион. Оваа победа е важна за неговата кариера и за цела Украина. Многу луѓе го поддржуваа, а во Москва повторно триумфално звучеше украинската химна и беше кренато нашето знаме. Благодарам, Саша. Слава на Украина“, напиша Кличко на Фејсбук.
https://youtu.be/H3bPffVctWA
.