Светскиот шампион во супертешка категорија во верзиите ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко изјави дека многу го почитува својот иден противник, Брајант Џенингс, и дека се подготвува за тежок меч со него.
„Имам голема почит кон Брајант Џенингс и неговите достигнувања. Тој добро се снаоѓа на рингот и поседува одлична техника. Свесен сум дека борбата ќе биде тешка. Многу се радувам што повторно ќе се борам во Њујорк. Тука имав првиот обединувачки меч“. „ Медисон Сквер Гарден“ е место каде што се одржале многу големи натпревари во супертешка категорија Нема никакво сомневање дека ова ќе биде една одлична боксерска вечер. Аp возврати дека ќе вложи максимални напори за тоа“, изјави Кличко на првата официјална прес-конференција пред мечот.
Во исто време, Брајант Џенингс беше категоричен дека не се смета за аутсајдер против шампионот Кличко. Улогата на аутсајдер му беше доделена на Американецот од боксесрките аналитичари кои сметаат дека тој нема шанси, заради далеку поскромните физички предиспозиции во однос на светскиот шампион.
„Повеќето луѓе не ја земаат предвид историјата на боксот. Некои од најголемите боксери во тешка категорија, воопшто не биле со толку големи пропорции“ , истакна Џенингс.
„Јас сум со традиционално тежина за боксер во тешка категорија. Истовремено, располагам со одлично движење во рингот и одличен атлетизам. Имам се што е потребно, но, изгледа, никој не го зема тоа во предвид“, додаде Американецот.
„Ако сакам да сум №1, треба да се борам со најдобрите. Против Владимир Кличко ќе ги извадам на виделина најсилните квалитети“, се закани предизвикувачот.
Да потсетиме дека мечот Владимир Кличко – Брајант Џенингс ќе се одржи на 25 април на рингот во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
http://youtu.be/wQnLMiXyzZQ
http://youtu.be/FPhg-6dRDMA