Кличко: Ни 20 милиони долари не можеа да ја променат мојата одлука

Неодамнешната одлука на Владимир Кличко да се повлече од спортот изненади многумина.

Се очекуваше 41-годишниот Украинец да побара реванш со Ентони Џошуа за кој имаше право по договорот. Англичанецот го нокаутира во 11-тата рунда од легендарната борба во април пред 90.000 луѓе на Вембли.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн веќе ја резервираше T-Мобиле арена во Лас Вегас за нова пресметка на тешкашките великани.

Откако добро размисли, Кличко заклучи дека е доста.

„Имав илјада причини да го прифатам реваншот и уште толку да ја завршам кариерата, но во моментот кога ја носев одлуката дел од мене веќе беше мртов. Забележав дека мотивација не е на задоволително ниво, дури ни со 20 милиони долари кои можев да заработам за реваншот со Џошуа … тоа не можеше да го промени моето мислење. Ако продолжив да се борам само за пари, само ќе се залажував себе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО