Поранешниот светски шампион во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија, Владимир Кличко, му посака успех на Ентони Џошуа во неговата претстојна борба против актуелниот шампион на светот во верзија на ИБФ, Чарлс Мартин.
„Ентони Џошуа, брат, веруваш или не, јас се возбудувам за тебе! Ти посакувам успех и да му удриш клоца во газот на 9 април“, напиша Владимир Кличко на официјалната страница на Твитер.