Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко, односно неговиот брат, ја одреди цената за која би се вратил во рингот. Украинецот се пензионираше во 2017 година по поразот од Ентони Џошуа, но во 43-та година од животот може да се врати на сцената. Неговиот брат Виталиј, вели дека само убава финансиска понуда, може да го врати неговиот брат во рингот.
„Кога на вестите видов дека му се понудени 35 милиони евра за да се врати, му ѕвонев на телефон да го прашам за што се работи, а тој ми кажа дека таа понуда не го интересира. Набрзо стигна понуда од 71 милион евра, но повторно кажа дека не е задоволен. Владимир ќе почне да размислува на враќање во боксот, само ако некој му понуди 100 милиони евра“, изјави Виталиј Кличко.
Витали вели дека парите се важни во животот и дека секоја одлука на Владимир ќе ја поддржи, но тие нему се потребни бидејќи доволно заработил. Парите се добро потрошени и има добра кариера и надвор од бокост.
По освојувањето на злато на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, Кличко влезе во професионалниот бокс, а во текот на кариерата која траеше две децении, тој забележа 64 победи од кои 63 со нокаут, во вкупно 69 борби. Два пати беше светски шампион во тешка категорија, вклучувајќи ги титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.