Владимир Кличко ќе се бори со Шенон Бригс, ако не успее да се договори со Брајант Џенингс , соопшти менаџерот на Украинецот, Бернд Бонте.
Бригс од пролетта го предизвикува Кличко на секаков начин и настапите (провокаците) секогаш ги снима со камера, всушност, скандалите се намерно смислени и во рекламни цели.
За борбата со Бригс беше навестено и во официјалното видео за мечота меѓу Кличко и Пулев, Американецот се појавува во две епизоди, и во едната Украинецот му се заканува дека тој ќе биде следниот нокаутиран боксер. Наредниот меч на Кличко треба да се одржи во април во Њујорк, родниот град на Шенон Бригс.