Владимир Кличко почна да прави анализи за поразот од Тајсон Фјури во мечот за светската титула во тешка категорија. Украинецот беше поразен на поени во 12 рунди на галавечерта во Дизелдорф.
„Требаше да зададам повеќе прецизни удари, така не ја најдов вистинската дистанца, за да успеам да пласирам погодоци“, – ја кажа почетна самокритика Владимир Кличко. „Проблемот доаѓаше оттаму што левиот директ не работеше. Фјури се движеше со нозете, главата и телото. Сакав тоа да го постигнам и со десниот, но откако не можев да го подгодам со левиот директ во напад и десниот не неодеше“.