Кличко: Кој може да собере 90.000 гледачи за мене освен Џошуа? Вајлдер? Паркер?

klicko-dzosua-oci-v-oci

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија легендарниот Украинец Владимир Кличко (64-4, 53) изјави дека во претстојниот меч против 27 годишниот Британец Ентони Џошуа (18-0, 18 КО) возраста нема да има значење и дека тоа е најдобриот дуел во кој можел да учествува.

„Јас не ја чувствувам возраста. Без разлика дали верувате или не. Не знам што ќе се случи по 5 години, но сега не можам да се пожалам на мојата брзина, издржливост или нешто друго. Всушност, се чувствувам подобро отколку порано. За луѓето надвор боксот, тоа може да е загрижувачко. Да, бројките не лажат, но во своите години гледам предност“, изјави Кличко.

Кличко го коментира и претстојниот меч против Ентони Џошуа:

„Заради нас „Вембли“ ќе се наполни со 90.000 гледачи. Кој друг ривал или шампион би можел да собере толку многу луѓе за мене? Никој! Вајлдер? Не мислам. Паркер? Не. Кој друг, ако не, Џошуа“, додаде Украинецот кој за време на средбата на 29 април 2017 години ќе наполни 41 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON