Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко (40 г.), објави видео со порака до своите навивачи, при што им се заблагодари за поддршката, ветувајќи им дека ќе победи во реваншот против актуелниот шампион, 27-годишниот Тајсон Фјури.
Тие ќе се сретнат на 9 јули во Манчестер. Првата средба беше во ноември и заврши со изненадувачка победа на Фјури со едногласна судиска одлука.