Околу 40.000 билети веќе се продадени за средбата меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Дуелот е за светските титули во тешка категорија и ќе се одржи на 24 октомври во Дизелдорф. Вкупниот капацитет на тамошниот стадион е 55.000 гледачи.
„Гарантирам дека стадионот ќе биде распродаден. Во средината на септември ќе има прес-конференција во Лондон, која дополнително ќе го вжешти интересот“, вели промоторот Мик Хенеси.
Непоразениот Тајсон Фјури ќе се подготвува за мечот во Англија. Првично тој имаше намера да се изолира во Ирска, но се откажа од овој план.