Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, одлучи да се раздели од златниот олимписки медал на Игрите во Атланта ’96. Целта на Украинецот, кој заработува милиони од натпреварите, е собраните средства да се донираат за помош на децата сираци во неговата татковина.
Медалот беше даден на аукција, а непознат купувач изброи 1(еден) милион долари, за да поседува медалот на Кличко. Сепак, на радост на боксерот, благородниот дарител не ја задржа вредната придобивка, тукуа ја врати на сопственикот, без да ги посака парите назад.
Како што е познато, Владимир се подготвува за следниот меч од кој ќе заработи милиони. Средбата е на 24 октомври, а противник му е Британецот Тајсон Фјури.