Владимир Кличко наскоро може да ја додаде и титулата на Светскиот боксерски совет (WBC), пишуваат германските медиуми.
Украинецот, во саботата го нокаутира Кубрат Пулев и ги одбрани шампионските појаси во верзиите на Меѓународната боксерска федерација (IBF), Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO).
„Владимир е боксерска икона. Светскиот боксерски совет (WBC) целосно ја поддржува идејата за меч за титулата со Кличко“, рече претседателот на организацијата Маурисио Сулејман за германскиот „Билд“.
Актуелен шампион во верзијата на Светскиот боксерски совет е Канаѓанецот Брмејн Стиврн, кој ќе ја брани титулата против Американецот Донатеј Вајлдер на 17 јануари, а потоа Кличко треба да се сретне со победникот од овој меч.
Неговиот брат – Виталиј Кличко, го држеше појасот на Светски боксерски совет, но го закачи на клинец минатата година.
„Сакам да ги вратам појасот и четирите титули во семејството“, изјави Владимир Кличко .