Владимир Кличко даде многу интерсено интервју за полската телевизија пред натпреварот со Кубрат Пулев. Тој засегна многу интересни теми. Ова е само дел од интервјуто што ќе го пренесеме, а сметаме дека тоа се моментално најинтерсните одговори што ги бара спортската јавност, но и неговите фанови.
Дали сте лути на обвиненијата од Пулев дека се допингувате?
– Целата оваа тема секогаш доаѓа од „Зауерланд“ (промоторска куќа во боксот). Така беше и на натпреварот со Поветкин. Така е и сега. Ова се целосни бесмислици. Ги следам правилата на Германската боксерска федерација. Во САД ситуацијата е поинаква, но и ги следам и нивните правила. На психолошка основа се обидуваат да ми влезат под кожа.
Последниот противник, Алекс Лиапај, беше лесен тест. Го гледате ли Кубрат Пулев како посериозен противник? Што ќе кажеш, ако Кубрат биде поразен во првата рунда? Тогаш, ќе кажеш ли дека е лесен ривал?
-Работите се забораваат. Алекс Лиапај победуваше на впечатлив начин. Беше непоразен до мечот рускиот боксер Денис Бојцов. Не потценувај никого. Секогаш сум сигурен дека сум подготвен 100 отсто. Така, мојот противник да не може да постигне ниту еден удар.
Колку долго ќе бидете во рингот?
– Не знам. Имам чувство дека можам да се борам долго, ако сум здрав и мотивиран. Ако едно од овие нешта недостасува, а човек никогаш не знае кога тоа може да се случи, тогаш ќе видиме. Мотивацијата не можеш да ја држиш во раце. Или ја има, или ја нема. Посакувам да се боксирам засекогаш.
Ќе ја нападнете ли титулата на Светскиот боксерски совет?
– Сакам да се борам за титулата на WBC. Се обидував и пред да ја освојам, но, има политички проблем, бидејќи не секогаш бокс организации соработуваат. Со промоторот на Стиврн, Дон Кинг, речиси е невозможно да се договориме.
Вајлдер ли е боксерот, кој може да промени нешто во дивизијата?
– Има неверојатна моќ во рацете. Стекнато искуство со годините и натпреварите. Го ценам неговиот рекорд – 32 победи, сите со нокаут. Тоа е нешто што заслужува почит.
Ентони Џошуа, вашето мислење за него. Ќе биде ли тој новиот Ленокс Луис?
– Никој нема да е како Луис или Мајк Тајсон. Овие млади момчиња треба да се докажат на сопствен начин. Џошуа е неверојатно талентиран. Има висина, тежина, сила, младост и желба за да стане шампион. Тој има одлично аматерско минато со олимписката титула.
Зошто не се реализирате на американскиот пазар?
– Се е едноставно и очигледно. Флојд Мејведер победите ги направи само во Ем Џи Ем и во Лас Вегас. Разликата помеѓу евра и долари е голема. Ние можеме да полниме стадиони од 60.000 глледачи во Европа. Така работите стануваат полесни.
Наскоро ќе станете татко, што мислите за ова?
– Многу е возбудливо. Немам трпение. Со Хајден сакавме да се случи тоа. Ќе биде предизвик, но ние сме подготвени да се соочиме со него.
Приказната со Шенон Бригс е вистинска или комедија?
– Многу луѓе сакаат да се борат со мене. Јас сум кралот, а останатите сакаат да ме соборат. Јас бев истиот. Кога станав професионалец, Ленокс Луис и Ивендер Холифилд беа шампиони. Беше забавно на почетокот, но, потоа, со случката во ресторанот, нештата ја помина црвената линија. Ова не треба повторно да се случи.