Владимир Кличко својот следен противник – Американецот Брајант Џенингс, го спореди со Роки Балбоа – главниот лик во истоимениот филм, кој го глумеше Силвестер Сталоне.
„Џенингс е како Роки Балбоа. Тој е од Филаделфија, доцна ја започнал боксерската кариера. Ја гледам неговата желба и волја да победи. Ова ме наведува да мислам дека дуелот ќе биде интересен. За него тоа е шансата на животот“, изјавата на Кличко ја пренесува Ројтерс.