Рангирањето на 10-те најдобри боксери во светот се формира на база позициите на ранглистите на поединечните верзии на светските титули. Неоспорно прв на листата на најдобрите е Владимир Кличко, носител на појасите на ВБА/WBA, ИБФ/IBF, ВБО/WBO и ИБФ/IBO.
Втор е Русинот Александар Поветкин, а трет е Дионтеј Вајлдер. Тој стана првиот боксер од САД – шампион во тешка категорија по 2007 година, и тоа на најавторитетната организација – ВБЦ/WBC, откако викендов убедливо го совлада Канаѓанецот, Бармејн Стиворн, на поени во 12 рунди. Последниот Американец со титула во тешка категорија беше Шенон Бригс (ВБО).
Кубрат Пулев е на четвртото место, кој не фигурира во рејтингот на ВБЦ и е надвор од топ 15 на ВБО. Тој е број 2 во ИБО и 11 во ВБА.
Така, средбата Кличко – Вајлдер станува најпосакувана во оваа година, бидејќи за прв пат од 2003 година има можност за обединување на сите најголеми титули. Последниот кој ги поседувал сите титули е Британецот Ленокс Луис. На 25 април Кличко во Њујорк ќе се бори против Брајант Џенингс (САД) . Ако победи Украинецот, патот до обединувачкиот меч е отворен.