Екипата на КК Урбан инвест од Кавадарци е најуспешна на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин опен 2015“. КК Урбан Инвест вкупно освои 49 медали од кои 17 златни, 17 сребрени и 15 бронзени медали.
Покрај победничкиот пехар, тие го освоија и пехарот за најмасовен клуб на турнирот. Владанка Аврамова од истиот клуб го освои пехарот за најдобро изведување на кати на турнирот.
Потоа, како јауспешни клубови следуваат Фунакоши Гичин (15-9-16) Металург (8-6-3), Олимпик Спорт (8-3-1) и Форца (7-8-6), но ова е според бодирањето на турнирот, односно за прво место се добиваат три бода за второ два и за трето еден. Додека според бројот на медалите третопласиран е Олимпик спорт, по Урбан инвест и Металург.
На турнирот учествуваа 432 натпреварувачи или по категории 519 од три земји: Македонија, Хрватска и Косово. Беа прикажани квалитетни борби и изведби на кати. Ќе спонеме само некои до комплетирање на извештајот, како: Филип Несторовски, Димитар Јакимов, Абдурахим Идризи………….
Филип Несторовски и Димитар Јакимов (Партизан-Кочани) за краток период се сретнаа по трети пат, како и по обичја нивната борба беше неизвесна до самиот крај, а каратистот на Металург стекнатото водство успеа да го сочува иако кочанецот Јакимов напагаше и ја имаче можноста во последните секунди да направи пресврт и да победи. Сепак, Несторовски победи и направи 3-0 во нивните средби. Двајцата докажаа дека се најдобрите кадети во оваа категорија и може од нив да очекуваме уште интересни борби, но и добри меѓународни настапи.
Драгана Манговска од Металург беше супериорна во својата категорија во кадетска конкуренција, додека Сајра Морина (Форца) и Василија Христиќ (Партизан -Кочани) во категоријата до 54 кг за родени 2001 година прикажаа одлични борби и го демонстрираа раскошниот талент, а во финалето нивната борба заврши нерешено и со судиско изјаснување победи Морина.
Од гостите најсилен впечаток оставија натпреварувачите од Хрватска, која всушност беше кадетско -јуниорска репрезентација, а настапуваше под името Загребачки карате савез.
Сите резултати: „Фунакоши Гичин опен 2015“.