КК Гладијатор и БК Борец ги собраа наградите за спортисти на годината во Велес

Општина Велес вечерва ги прогласи најдобрите спортсити за 2017 година, а Енис Небиовски е најуспешниот во оваа година. Карате клубот Гладијатор е најуспешен тим, ги има и најуспешните млади спортисти, Боби Војдиновски е најдобар судија, а клубот доби посебно признание за меѓународни резултати.

Борачот на Борец Кадир Камбери е прогласен за најнадежен млад спортист, а Игор Мицевски доби признание за постигнат меѓународен успех со ЖБК Борец.

Ова се најдобрите спортисти:

Енис Небиовски- Кајак кану клуб Вардар, сениорски првак, 7-мо место на Европско првенство во тимско возење, 8-мо место на Светско првенство во тимско возење, најдобар кајакар за 2017 година;

Ивица Илиев-ГРК Борец;

Љубомир Спасиќ- ККК Арка Борец,7-мо место на Европско првенство во тимско возење, 31 – ви на Светска ранг листа, 8-мо место на Светско првенство во тимско возење, 22-ри на Европско првенство во спринт;

Марија Ѓорѓиевска- Будо Велес, двократен сениорски кик-бокс првак, -60 кг, -65 кг;

Анѓелина Панова-Атлетски клуб Изгрев, 1-во место Државно на 5 км, 2-ро место полумаратон Ниш 21 км, 2-ро место полумаратон Крушевац 21 км, 3-то место полумаратон Врање 21 км;

Драган Ванов – Мото Велес, 3-то место на Европско ендуро до 23 години;

Трајков Тале – ФК Борец, влез во Втора лига;

Сашко Ивковиќ – ГОК Борец, 3-то место во Државна лига, моментално 2-ро место;

Кристијан Ванчевски – МВК Велес, 1-во место друмски, 1-во место хронометар, куп победник, 1-во место ридско.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON