Екипата на Аеродром од Скопје е најуспешна на Европскиот куп за деца „Лорд куп 2015“ освојувајќи 13 медали (8 латни, 3 сребрени и 2 бронзени.
Втора е екипата на ЦСМС и П.Ц. Ресита од Ромамнија со 16 медали (7-4-5), трета е екипата на Професионал од Скопје 11 медали (5-4-2), потоа следуваат Љуботен –Тетово 12 (5-2-5), Ѓорче Петров-Скопје 12 (3-5-4) итн.
На турнирот учествува 160 натпреварувачи од Македонија, Бугарија и Романија.
Ова беше јубилејно издание на „Лорд купот“, односно се одржа во 40-ти пат во Скопје. Организаторот Димче Јанковски по повод 40 години „Лорд куп“ додели признанија на личности од карате спортот, на поранешни натпреварувачи и функционери на КК Аеродром.