Ќе има резервен борец на борбата меѓу Џонс и Гане

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, изјави дека борбата за титулата на организацијата во тешка категорија (до 120 килограми) меѓу Американецот Џон Џонс и Французинот Сирил Гане ќе биде обезбедена со резервен борец.

Вајт ја откри оваа информација за американските медиуми, но одби да го именува заменикот. Има добри шанси замена да биде Стипе Миочиќ, кој е најразумната опција од сите во првите 15 во дивизијата.

Борбата меѓу Џонс и Гане ќе се одржи викендов во Лас Вегас (САД) и ќе биде главана турнирот УФЦ 285. Минатиот викенд во Лас Вегас пропадна главната борба од последната гала вечер на УФЦ.

На Никита Крилов во последните часови му се слоши и отпадна од борбата со Рајан Спан. Очигледно Дана ја научи лекцијата и стави резерва за овој викенд. Останува да видиме кој ќе биде.

https://www.youtube.com/watch?v=fWKZdeuViPc

„Има ли резервен борец за главната борба овој викенд? Да, секогаш имаме резерви за вакви битки. Да кажам кој е? Нема да го направам тоа. Нема, но да, имаме замена“, рече Вајт на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON