Ќе има реванш за титулата меѓу Стерлинг и Јан

Актуелниот шампион на УФЦ во петел категорија – Алџамеин Стерлинг ќе се сретне со поранешниот шампион – Пјотр Јан. Тие ќе се борат на УФЦ 267 на 30 октомври во Аду Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Судирот е реванш откако Стерлинг му го нанесе првиот пораз во кариерата на Русинот во март на УФЦ 259, совладувајќи го со дисквалификација за повреда на коленото. Така, тој го освои сегашниот појас во категоријата.

Алџамеин Стерлинг има биланс од 20 победи и 3 порази во ММА. Американецот победи на 10 меча со завршница (2 со нокаут и 8 со принуда). 31-годишниот борец е во серија од шест последователни победи во УФЦ, а последниот пораз датира од 9 декември 2017 година кога беше нокаутиран од Марлон Мораеш на УФЦ Фајт најт 123.

Пјотр Јан има скор15 победи и 2 порази во ММА. Рускиот борец победи на 8 натпревари со завршница (7 со нокаут и 1 со принуда). Тој беше во серија од 9 последователни победи, од кои 7 во УФЦ, пред да загуби во март, поточно од Стерлинг. Единствениот друг пораз на Јан во професионалната кариера е од Магомед Магомедов со поделена одлука на АЦБ 32 на 26 март 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON