Кизаме – нов карате клуб на македонската сцена

kizame-logo

Карате клубот Кизаме е новиот клуб на македонската сцена.

Клубот почна да работи од 15 септември во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје и го водат тренерите Дејан Ристески и Горан Василевски.

kizame-na-trofej-na-blegrad

Ристески е поранешен член на македонската репрезентација и КК Металург. Тој е долгогодишен државен првак во јуниорска конкуренција во борби (-68 кг)и сениори (-67 кг), а има освоено бронзен медал јуниорско Балканско првенство (-68 кг) во Баликесир, Турција и на Балканско за сениори (-67 кг), како и Медитеранско првенство 3 место во Кушадаси – Турција. Освоил многу меѓународни медали и имал високи пласмани на светски и европски натпреварувања.

Горан Василевски  е долгогодишен кадетски и јуниорски првак на Македонија, освојувач на два балкански медали во јуниорска категорија, освојувач на јуниорските Златни лиги во Истамбул и Милано, а имал висок пласман и на Европско првенство.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON