Кит Турман се враќа во рингот на крајот на јануари

Поранешниот светски шампион во полусредна категорија Кит Турман ќе се врати во центарот на вниманието на почетокот на следната година.

33-годишниот Американец ќе влезе меѓу јажињата по речиси 30-месечно отсуство во мечот против уште еден поранешен светски шампион во суперлесна категорија – Марио Бариош. Тие ќе се соочат на 29 јануари во Атланта, САД, а средбата ќе биде во полусредна категорија.

Турман последен пат беше виден во рингот во летото 2019 година, кога Мани Пакијао го победи со едногласна одлука и му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на Кит. Американецот има одржано вкупно 5 меча од 2015 година.

26-годишниот Бариош го доживеа и првиот пораз на последниот меч. Претходно во годината, Ацтеката загуби од Џервонта Дејвис со ТКО во 11. рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON