Претседателот на Иницијативниот одбор на џудо ветераните и член на ЏК Сеишин од Прилеп, Киро Здравески, денеска имаше прием во амбасадата на Јапонија во Република Македонија и притоа оствари средба со амбасадорката Кеико Ханеда.
На средбата се евоцирани заедничките импресии од нејзината посета на Прилеп на Меѓународниот турнир „Прилеп град херој 2017“ во месец октомври. Здравески лично ја запозна амбасадорката за активностите на клубот во 2018 година, како и за подготовките за традиционалниот турнир во организација на Сеишин во октомври оваа година.
„Исто така беше рагледана можноста за евентуална соработка во иднина, како и присуство на џудусти и стручни лица од Јапонија на турнитот, но и одржување заеднички семинари“, истакнуваат од Сеишин.
На крајот од средбата е упатена покана до амбасадорката да присуства на еден од редовните тренинзи на Сеишин. Во знак на пријателство и сеќавање на амбасадорката и беше врачена почесна фотографија со членовите на Сеишин од турнирот во Прилеп.