Кинг Мо го победи Сатоши Иши (ВИДЕО)

king-mo-satosi-isi-b-169

Мухамед Лоуел (20-5) го победи Сатоши Иши (07/01/14) со едногласна одлука на судиите во главната борба на настанот на Белатор во Даблин.

Така „Кралот Мо“ дојде до осмата победа во последните девет натпревари, додека поранешниот олимписки шампион го доживеа третиот последователен пораз.

И двајцата средбата ја почнаа бавно, но имаа постојана поддршка од публиката, која направи атмосфера како на фудбалско дерби.

Во втората рунда двајцата разменија неколку силни удари, но, генерално, немаше многу акции. Тоа ја изнервира публиката која во третата рунда беше сосема разочарана, и покрај нападите на двајцата борци.

Даниел Вајхел (38-9) му го нанесе првиот пораз со сабмишн на Брајан Мур (9-5) победувајќи го со давење со рака.

Домашни борец Џејмс Галагер (5-0) остана непоразен и по мечот со Ентони Тејлор (1-2).

Белатор 169:

Мухамед Лоуел – Сатоши Ишии (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Џејмс Галагер – Ентони Тејлор (сабмишн, давење од позади, 1:52 Р3)

Шинед Кавана – Елина Калиониу (едногласна одлука, 30-27, 30-25, 30-26)

Даниел Вајхел – Брајан Мур (сабмишн, давење со рачен триаголник, 4:44 Р1)

Камерон Елсе – Дилан Тјук (ТКО 0:21, Р1)

https://youtu.be/gARhzDOpBfo

https://youtu.be/BsQjLx3fm0k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО